Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед спреми понуда за Муние

Манчестер Јунајтед спреми понуда за Муние

Манчестер Јунајтед спреми понуда од 15 милиони евра за белгискиот репрезентативец и член на Борусија Дортминд, Томас Муние.

„Дејли Телеграф“ пренесува дека „црвените ѓаволи“ се уште не ја испратиле понудата за десниот бек, бидејќи чекаат прво да се ослободат од Ван Бисака.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Ван Бисака е пред враќање во Кристал Палас, па Муние треба да биде негова замена на „Олд Трафорд“.

Интерес за Муние покажува и Барселона, но Јунајтед е спремен да ја победи конкуренцијата и веќе почнал преговори со неговиот агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…