
Претседателот на Интер, Џузепе Марота призна дека е можност клубот да се засили во зимскиот трансфер период, иако нагласи дека миланскиот гигант не чувствува потреба од нови играчи.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
На прашањето од Sport Mediaset дали ќе има подарок за навивачите на Интер, Марота одговори: „Нема да одречам ништо, но составот ги задоволува потребите на тренерот. Ќе спроведеме внатрешна дискусија. Ова е трансфер период, но немаме потреба да поправаме нешто. Пазарот е тежок во јануари.“
Тој исто така повторно го пофали тренерот Кристијан Киву. „Горди сме што го избравме за наш тренер. Мислам дека тој е навистина модерен тренер кој има многу квалитети. Направивме смела одлука, но знаеме дека тој може да биде многу успешен кај нас. Дали некои не откажаа? Ние сме Интер и мораме да ги надминуваме негативните моменти како оној во јуни. Не треба да ги слушаме тие претерани критики. Со времето покажавме дека моделот на Интер се уште е конкурентен, па нема да обрнеме внимание на критичарите“, додаде шефот на „неразурите“.
.