Дома Фудбал Дојде во Европа како голем талент, но не му оди – повторно ќе го менува клубот!

Дојде во Европа како голем талент, но не му оди – повторно ќе го менува клубот!

Клаудио Ечевери е меѓу најталентираните фудбалери во светот, но неговото адаптирање во Леверкузен не беше најуспешно.

Тековната сезона, на терен помина околу 300 минути, што е недоволно за играч кој требаше да се развива во Бундеслигата. Манчестер Сити е незадоволен од неговата улога и ќе го врати од позајмицата.

Каспер Јулманд, тренерот на Леверкузен, потврди дека Ечевери веќе го одигра последниот натпревар за овој тим.

Што следува понатаму?

Манчестер Сити размислува, преговорите се во тек, а фаворит за неговиот следен клуб е Џирона, поради нивната поврзаност.

Најверојатно, Гвардиола нема да го вклучи Ечевери во првата екипа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кипре веќе е во Глазгов: Македонија ќе има поддршка на „Хампден парк“

Горан Кипријановски пристигна во Глазгов пред репрезентативците, кои патуваат во четврток.…