Дома Фудбал Видео кое го „запали“ интернетот: Винисиус и Ендрик се смеат додека Реал Мадрид тоне

Видео кое го „запали“ интернетот: Винисиус и Ендрик се смеат додека Реал Мадрид тоне

Навивачите нема да им го простат овие однесувања, а сега сето тоа се прошири на интернет преку овој вирален видео запис.

Сцената што го обиколи светот и го предизвика гневот на навивачите на Реал Мадрид се случи на самиот крај од натпреварот, кога кралскиот клуб поминуваше низ вистинска драма.

Додека Талавера го постигнуваше вториот гол, за 2:3 и благ шок, камерите фатија нешто што тешко може да се оправда.

На семафорот стоеше 3:2, се играше 91-та минута, нервозата беше опиплива на клупата на Реал, Чаби Алонсо беше видливо напнат, соиграчите на теренот исцрпени и во паника, а на клупата? Винисиус Јуниор и Ендрик се смееја!

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шпанија со пресврт ја совлада Хрватска на Полјуд

Хрватска подобра од претходните натпревари, но не успеа да избегне пораз од Шпанија на Пол…