Манчестер јунајтед има очаен почеток на новата сезона со два порази, па сега тргна по последни засилувања во финишот на летниот преоден рок.
Една од желбите на тренерот Ерик Тен Хаг е крилниот напаѓач на Ајакс, Антони за кој претходно беше одбиена понуда од 80 милиони евра, но сега Јунајтед понудил дури 100 милиони.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ајакс не сака да го пушти Антони за помалку од 100 милиони евра, па сега „ѓаволите“ ќе им ја исполнат желбата, па така Тен Хаг во следните денови треба да добие ново големо засилување.
Антони инсистира на трансфер и одби да тренира со екипата во претходните два дена, а нема да настапи ниту против Спарта во домашниот шампионат.
Јунајтед претходно го договори и Касемиро од Реал Мадрид за сума од 70 милиони евра.