Новото засилување на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек не е задоволен од својот статус во клубот и би можел наскоро да го напушти „Олд Трафорд“.
Англиските медиуми тврдат дека ситуацијата внимателно ја следи Јувентус, кој сака да го донесе во Торино.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус сака да го искористи незадоволството на Ван де Бек и да го донесе во Серија А, па веќе стапил во контакт со неговиот агент.
Манчестер Јунајтед е спремен да го пушти Холанѓанецот и му предлага трампа на Јувентус, така што за возврат да го добие потписот на Адриен Рабио.
Французинот е на излезна врата од Јувентус, па многу веројатно „старата дама“ ќе го прифати ваквиот предлог.