Дони ван де Бек е најголемо промашување за Манчестер Јунајтед. Холанѓанецот дојде на „Олд Трафорд“ од Ајакс за 35 милиони фунти.
Манчестер Јунајтед се обиде да му најде нов клуб, но ниту Евертон, ниту Ајнтрахт Франкфурт не сакаа да го купат во целост и го вратија назад по крајот на позајмиците.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интерес за Ван де Бек покажува Џирона, која беше хит минатата сезона во Примера и оваа сезона ќе настапува во Лигата на шампиони.
Џирона за неговиот потпис ќе плати 500.000 евра, а во зависност од бројот на настапи на Холанѓанецот во Шпанија оваа сезона, зделката може да се искачи на 4-5 милиони евра.
🚨 Girona are set to sign Manchester United’s Donny van de Beek for €500,000.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 6, 2024
(Source: @relevo) pic.twitter.com/yGIXsV8q9k