Дома Топ вести Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на ПСЖ

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на ПСЖ

Дефанзивецот на ПСЖ, Преснал Кимпембе побарал од раководството да му биде дозволен трансфер, бидејќи не е задоволен од ситуацијата во клубот.

26-годишниот Французин е дете на ПСЖ и целата кариера ја помина на „Паркот на Принцовите“, но сега сака нов предизвик во кариерата.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Раководството нема да му стои на патот и му порачало дека може да си бара нов клуб, а ПСЖ очекува за неговиот потпис да добие 40 милиони евра.

Најсилен интерес за него покажува Манчестер Јунајтед, кој на лето како приоритет има да ја засили одбраната.

Кимпембе има многу понуди на маса, но тој преферира да се пресели во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…