Искусниот голман Том Хитон се врати во Манчестер Јунајтед.
Хитон претходно 13 години беше под договор со Јунајтед, а сега 35 годишникот се врати на „Олд Трафорд“ откако му истече договорот со Астон Вила и тој до 2023 година ќе биде член на „црвените ѓаволи“.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Хитон има три настапи за репрезентацијата на Англија и ги бранеше боите уште на Кардиф, Бристол, Барнли и Астон Вилка.
„Како дете тука поминав 13 години и мило ми е што се враќам. Ова е неверојатно чувство, навистина сум возбуден. Го доживувам ова како фантастична прилика и мислам дека имам што да покажам“, изјави Хитон.
Она што е сгурно е дека покрај Де Геа и Хендерсон сигурно нема да биде прв голман. Во ваква ситуација веројатно ќе има улога на трет голман, ситуацијата би се променила ако Хендерсон или Де Геа го напуштат Јунајтед.