Напаѓачот на Манчестер Сити, Габиел Жесус е на мета на многу европски гиганти, пред се на Баерн Минхен и Реал Мадрид.
Бразилецот не е задоволен од малата минутажа која ја добива кај Гвардиола оваа сезона, па и самиот е спремен да ја промени средината.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Граѓаните“ нема да му стојат на патот и веќе ја поставија цената, а англиските медиуми тврдат дека нема да го пуштат за помалку од 100 милиони фунти.
Најсериозен интерес за Жесус во моментов покажува минхенски Баерн, но Сити нема намера да ја намали цената бидејќи напаѓачот има договор до 2023 година.
Гвардиола ова лето е спремен да го собори трансфер рекордот за нов напаѓач, а најголеми желби се Хари Кејн и Килијан Мбапе. Па со продажбата на Бразилецот ќе се финансира дел од трансферот.