Дома Фудбал Англија Жесус плачел поради Гвардиола: Стави лев бек во нападот место мене – не можев да поверувам!

Жесус плачел поради Гвардиола: Стави лев бек во нападот место мене – не можев да поверувам!

Во англиските медиуми напаѓачот на Арсенал, Габриел Жесус зборуваше за неговиот период во Манчестер Сити и соработката која ја имаше ос Пеп Гвардиола.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Гвардиола важи за еден од најдобрите тренери во светот, но Жесус признава и дека плачел поради одлука на шпанскиот стратег.

„Се сеќавате на натпреварот против ПСЖ во Лигатан а шампионите? Пеп го стави Зинчеко да игра како „лажна 9-ка“. На еден ден пред натпреварот, Зинченко не беше во комбинација и јас играв како напаѓач. Следниот ден, на два часа пред натпреварот ја донесе таа одлука. Дури и самиот Зинчеко се шегуваше со мене ми зборуваше „тој ден навистина ми беше жал за тебе…““.

„Кога го соопшти тимот и се јавив на мајка ми и раскажав се, ѝ кажав дека сакам да заминам. Сакав веднаш да си одам дома. Стави лев бек во нападот, место мене. Бев бесен, не можев да поверувам“, изјави Жесус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Во продажба пуштени билетите за финалето од Купот на Македонија: Еве каде може да купите!

Фудбалската федерација на Македонија ги пушти во продажба билетите за финалниот натпревар …