Дома Фудбал Англија Манчестер Сити сигурно гази кон титулата, Саутемптон доби „петарда“ на „Етихад“ 🎥

Манчестер Сити сигурно гази кон титулата, Саутемптон доби „петарда“ на „Етихад“ 🎥

Maнчестер Сити денес одигра уште еден ефикасен натпревар и со резултат 5:2 го доби Саутемптон.

Резултатот беше отворен во 15. минута, а стрелец беше Кевин Де Брујн. Саутемптон изедначи десет минути подоцна преку Ворд Праус. Сити на пет минути до крајот на полувремето одново дојде до предност, овој пат стрела беше Марез. Во судиското продолжение Гундоган погоди за 3:1.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Во второто полувреме во период од 55. до 59 минута видовме три гола. Марез и Де Брујн постигнаа по уште еден гол, а измеѓу двата гола на „граѓаните“ Адамс беше стрелец за Саутемптон.

Со оваа победа Сити оди на +14 во однос на Манчестер Јунајтед и +15 од Лестер. Тимот на Гвардиола има и натпревар повеќе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гарсија ги избра фудбалерите за натпреварот со Македонија: Се враќа екс-ѕвездата на Борусија!

Селекторот на белгиската фудбалска репрезентација, Руди Гарсија, го објави списокот на игр…