Дома Фудбал Манчестер Сити испрати понуда за Дани Олмо!

Манчестер Сити испрати понуда за Дани Олмо!

Лајпциг е подготвен да го продаде Дани Олмо за сума која би била околу 60 милиони евра. Таа сума одговара на клаузула која до неодамна можеше да се активира, но германскиот клуб реши да ја задржи таа цена одредено време.

Иако има интерес за Олмо, се уште нема понудувач кој би го убедил Лајпциг да го продаде одличниот играч за врска. Досега има испратено понуди од Барселона и Манчестер Сити и двете се одбиени.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Шпанските медиуми објавија дека спортскиот директор на Барселона Деко одржал состанок со агентите на Дани Олмо, Енди Бара и Хуанмо Лопез и дека клубот испратил официјална понуда до Лајпциг. За својот поранешен јуниор, Барса му понуди на Лајпциг 40 милиони евра фиксни и уште можни 20 преку бонуси, во зависност од ефектите на Олмо и успехот на клубот.

Поточно, Барселона понуди 40 милиони евра, кои би се плаќале на рати од 10 милиони евра годишно почнувајќи од 2025 година. Десет милиони бонуси би стигнале до Лајпциг доколку Барселона освои две Ла Лига до 2029 година и уште десет ако ја освои Лигата на шампионите двапати во истиот период.

Во Лајпциг заклучија дека тоа не е понуда што можат да ја прифатат бидејќи сакаат поголема загарантирана сума. Преговорите ќе продолжат.

Познато е дека и Манчестер Сити испратил официјална понуда за откуп на договорот на Олмо. Шпанските медиуми не ја прецизираат сумата и деталите за понудата, но истакнуваат дека Олмо попрво би сакал да се врати во Каталонија отколку да замине во Англија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милевски откри од кои фудбалери очекувал повеќе денеска

Македонската фудбалска репрезентација денеска одигра само реми против Фарски Острови (1:1)…