Mанчестер Сити вчера ја забележа првата победа сезонава во Лигата на шампионите и славеше убедливо против Слован Братислава со 0:4.
Со овој триумф „граѓаните“ измранија импресивен рекорд во најелитното европско натпреварување. Избраниците на Пеп Гвардиола вчера го одиграа 25 натпревар во кој не се поразени во европската елита.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Рекордот во оваа категорија го држи нивниот градски ривал, Манчестер Јунајтед кој исто така одигра 25 натпревари без пораз. Јунајтед до овој подвиг стигна во период помеѓу 2007 и 2009 година кога од клупата ги предводеше Сер Алекс Фергусон.
„Граѓаните“ ќе имаат можност и да го подобрат рекордот во дуелот против Спарта Прага во третото коло на 23 октомври.