Дома Фудбал Германија Мануел Ноер никогаш не бил полош: Катастрофален податок за еден од најдобрите голмани

Мануел Ноер никогаш не бил полош: Катастрофален податок за еден од најдобрите голмани

neuer

Оваа сезона Баерн Минхен има проблеми во Бундес лигата, а во вчерашниот натпревар против Фрајбург одиграа само 1:1 и тоа на домашен терен во Минхен.

Во лошата форма на Баерн се вклопува и голманот Мануел Ноер кој е непрепознатлив во последно време.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Ноер сигурно е помеѓу најдобрите голмани во светот, но од кога се врати на терените после повредата на стапалот никако не успева да ја пронајде формата со која бранеше претходно.

Сепак, колку и Ноер да е во лоша форма еден факт до кој стигнаа Германците е навистина неверојатен за голман од негов калибар.

Имено, Ноер примил осум гола од последните – осум директни удари кон неговиот гол! Да, добро прочитавте „осум од осум“. Ова е навистина катастрофален статистички показател за германскиот чувар на мрежата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Винисиус го наруши молкот после дебаклот во Лондон

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор за прв пат јавно проговори за вчерашниот тежок по…