Финалето на Европското првенство кое се играше Лондон и кое заврши со победа на Италија после пенал серијата беше проследено и со неколку инциденти.
Во нередите пред почетокот на натпреварот беа уапсени 26 лица, а заменик комесарот Џејн Конорс денес објави дека било блиску финалето да се откаже.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„За првпат после 50 години, Англија во неделата играше финале на големо натпреварување. Ова требаше ден за прослава, но една мала група насилни навивачи сакаше да го „киднапира“ финалето. Видовме немили сцени како во централен Лондон така и на „Вембли“ каде што тие насилни успеаа да ги пробијат првите безбедносни коридори и да влезат во пресметка со полицијата“.
„Само брзата реакција спречи поголема ескалација, но цената ја плативме со 19 повредени полицајци. Ако немавме таква реакција се ќе ескалираше, па откажувањето на натпреварот ќе беше единственото решено. Беше блиску и малку фалеше, но за среќа таа брза и храбра реакција спречи такво нешто“, изјави Конорс.