Дома Фудбал Италија Малдини: Се уште сме далеку од Јувентус, но сме на вистинскиот пат!

Малдини: Се уште сме далеку од Јувентус, но сме на вистинскиот пат!

Директорот и жива легенда на Милан, Паоло Малдини призна дека клубот не може да се споредува со Јувентус во моментов и пред „росонерите“ има долг пат.

Клубот се очекува да биде финансиски постабилен оваа сезона откако „Елиот Менаџмент“ ја презеде контролата, а целта е пласман во Топ 4 и обезбедување билет за Лига на шампиони.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


„Ова е сериозен проект и сите ние сакаме да го вратиме Милан на највисоко ниво. Мораме да бидеме внимателни, има млади играчи кои се уште не се убедени во своите квалитети и треба да ја пронајдат својата самодоверба. Сите треба да работиме на тоа“, истакна Малдини.

„Да бидеме сериозни, се уште имаме долг пат пред нас. Сакаме да бидеме во топ 4 на Италија и да играме добро во Лигата на Европа. Проектот е многу важен, но се уште не можеме да го споредиме Милан со Јувентус во овој момент. Сепак, мислам дека сме на вистинскиот пат“, заклучи директорот на „росонерите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Најголемиот фаворит гостува во Скопје: Македонија по изненадување против Белгија!

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 часот на арената „Тодор Проески“ во…