Дома Фудбал Италија Малдини: Ибрахимовиќ никогаш не е товар за Милан, ако сака може да продолжи

Малдини: Ибрахимовиќ никогаш не е товар за Милан, ако сака може да продолжи

Директорот на Милан, Паоло Малдини зборуваше за ситуацијата со Златан Ибрахимовиќ и наговести дека може да го продолжи договорот.

Ибра веќе има полни 40 години, но Малдини тврди дека тој сака да продолжи да игра уште една сезона, а Милан е спремен да му понуди нов договор.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Разговараме со Златан. Неговиот план е да продолжи уште една сезона, а Ибрахимовиќ никогаш нема да биде товар за нас, се зависи само од него“, истакна Малдини.

„Во моментов, повредите го ограничуваат Златан. Засега не размислуваме на неговиот договор. Секогаш имаме отворен разговор со него. Ќе видиме што ќе одлучи, тој е многу важен за нас и надвор од теренот“, додаде Малдини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Артета прави бункер: Арсенал во потрага по нов дефанзивец, овој пат од Бундеслигата

Арсенал започна преговори околу ангажирањето на централниот дефанзивец од РБ Лајпциг, Каст…