Дома Трансфер зона Малдини и Мендеш договараат голем трансфер

Малдини и Мендеш договараат голем трансфер

Италијанскиот гигант Милан започнал преговори со ѕвездата на Лил и португалски репрезентативец Ренато Санчез.

24-годишниот играч за врска ја „оживеа“ својата кариера во Лил и е мета на многу европски гиганти.

Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Санчез одигра одлично и на Европското првенство, а моментално се опоравува од повреда и наскоро ќе се врати на терените.

Милан е во потрага по засилување за средниот ред и во него гледа идеална алтернатива за Кеси, па веќе започнал преговори со неговиот агент Жорге Мендеш.

„Росонерите“ се спремни да испратат понуда од 35 милиони евра за да го донесат на „Сан Сиро“ португалскиот репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Гигантите од Манчестер се „тепаат“ за ѕвездата на Аталанта

Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити покажуваат сериозен интерес за белгискиот репрезентати…