Дома Македонски спорт Македонските каратисти со сребро од Сочи

Македонските каратисти со сребро од Сочи

Македонската карате репрезентација оствари средба со директорот на Агенцијата за млади и спорт по настапот на Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори-У21, во Сочи.

Каевски ја искажа својата, но и заложбата на Агенцијата за млади и спорт за развој на македонското карате, особено по неговиот прием во семејството на Олимписките спортови.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Од таа причина каратето е во топ пет спортови во државава од кои се очекува обезбедување на пласман за ОИ во Токио 2020.

„Освоениот медал на Фахик Весели во Сочи , како и освоените три петти места, е само уште еден доказ дека македонското карате оди во нагорна линија. Поддршката на Агенцијата за млади и спорт останува во насока на детектирање на спортовите кои се реална можност за настап на ОИ и кон нив ќе се инвестира повеќе, согласно олимпискиот програм“, истакна Каевски.

На приемот свои излагања имаа селекторите кои очигледно беа задоволни од настапите на македонските каратисти, потенцирајќи ја можноста на триото Свинарски, Весели, Смилковски за настап на Младинската олимпијада во Буенос Аирес, ако предходно остварат добар пласман на квалификацискиот турнир во Умаг, и направат добар резултат на купот во Софија.

Весели истакна дека е посебно среќен од освоениот сребрен медал за македонската репрезентација и дека има уште многу желби за остварување, од кои една е освоен медал на една олимпијада.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

ПМФЛ: Струга го прегази Вардар, Работнички нов лидер

Денеска во рамките од деветтото коло во македонската прва лига се одиграа шест натпревари …