Maкедонскиот шампион Струга Трим Лум денеска ќе има тешка задача бидејќи ја очекува првиот натпревар од квалификацискиот двомеч за ЛШ против Слован Братислава.
Слован е шампион на Словaчка и голем фаворит во двомечот. Во своите редови има дури петмина фудбалери кои се репрезентативци на Словачка која беше едно од пријатните изненадувања на Европското првенство.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тренерот на Струга, Ќатип Османи има почит кон противникот, но верува дека неговите фудбалери ќе остават добар впечаток.
„Ќе играме против најдобриот тим на Словачка, клуб со традиција и многу добри резултати. Ја анализиравме нивната игра преку пријателските натпревари кои ги имаа, но и на последните натпревари од првенството. Свесни сме дека утре може поинаку да изгледаат на теренот поради некои играчи кои беа на ЕП“, изјави Османи.
Во овој прв натпревар сепак постои можност некои од најдобрите фудбалери на Слован да не бидат во составот, токму поради настапот на Словачка на ЕП.