Дома Македонски спорт Мак фудбал Македонија ќе биде ослабена на стартот од Лигата на Нации

Македонија ќе биде ослабена на стартот од Лигата на Нации

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе биде ослабена на стартот од Лигата на Нации бидејќи селекторот Благоја Милевски нема да може да смета на Александар Трајковски и Милан Ристовски.

Двајцата напаѓачи ќе ги пропуштат дуелите со Фарски Острови и Ерменија. Против Фарски Острови играме за два дена на гостински терен, додека на 10 септември ќе ја пречекаме Ерменија во Скопје.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Александар Трајковски и Милан Ристовски поради повреда (мускулно истегнување) нема да бидат во комбинација за настап против Фарски Острови и Ерменија. Ќе информираме во врска со евентуален дополнителен повик“, соопштија од ФФМ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…