Дома Македонски спорт Мак ракомет Македонија ја победи Хрватска и го избегна последното место на Европското првенство

Македонија ја победи Хрватска и го избегна последното место на Европското првенство

Женската ракометна репрезентација на Македонија до 19 години го избегна последното место на Европското првенство откако денес со 31:26 ја совладавме Хрватска.

До денешниот натпревар и двете селекции имаа само порази, па затоа ова беше дуел за избегнување на дното. Македонија од почетокот покажа дека е поквалитетна и брзо поведе со 5:1. Набрзо следуваше и нова серија од 7:0 со која дојдовме до највисоките 18:7.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Во продолжение дојде до опуштање во нашите редови, па Хрватките на десетина минути до крајот дојдоа до 24:20.

Сепак, до крајот одигравме колку што е потребно за да не ја испуштиме предноста. Најефикасна кај нас беше Емилијана Ризоска со девет гола, пет додаде Теодора Дукоска, а по четири Сара Стефановска и Марија Јанкуловска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…