Македонија Ѓорче Петров денес го потврди изгледот на дресовите за новата сезона.
Дресот е во изработка на компанијата „Јома“, а покрај стандардната црвено-жолта, „лавовите“ промовираа уште две гарнитури. На втораа доминира жолтата боја, додека третата е црно-бела.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Веќе во четврток Македонија Ѓорче Петров ќе ги промовира дресовите и тоа во натпреварот против РФС Рига во првото коло квалификации за Конференциската лига. Натпреварот се игра на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ од 17:30 часот.