Дома Македонски спорт Мак фудбал Македонија Ѓорче Петров до ФФМ: Дали сакате да ги преќутите срамните одлуки?

Македонија Ѓорче Петров до ФФМ: Дали сакате да ги преќутите срамните одлуки?

Во Македонија Ѓорче Петров и понатаму не можат да се помират со лошото судење на Стојанче Стојанов во натпреварот против Шкупи (1:0) во кој при резултат 0:0 не добија чист пенал.

Денеска тие повторно преку соопштение се огласија во јавноста барајќи оставки, но истакнувајќи зошто ФФМ се уште ја нема вообичаената судиска анализа.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


РЕАКЦИЈАТА ВИ ЈА ПРЕНЕСУВАМЕ ВО ЦЕЛОСТ:

По завршеното последно коло во првата и втора МФЛ и катастрофалните судиски одлуки кои влијаеа на конечниот резултат на неколку натпревари СУДУСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ФФМ сеуште не ја објавува ниту нивната анализа.

– Затоа прашуваме :

– Дали со тоа сакаат да се преќутат овие срамни одлуки и да не ги признаат, или се срамат од нив?

– Зошто оваа судиска организација го врати Стојанче Стојанов и му ја оживеа судиската кариера која е полна со лоши одлуки и штети нанесени на многу клубови, судија кој со години беше трнат од натпреварите во 1МФЛ

– Зошто од судиска упорно се делегираат едни исти судии и покрај добивање на неколку слаби оцени во една полусезона, додека некои судии не добиваат ниту шанса да се докажат во 1МФЛ.

– Дали со ваква работа сакаат да ги тргнат и странските инвеститори кои во оваа сезона се во рекорден број од постоењето на фудбалот во Македонија?

Вака нема да привлечеме нови луѓе кои ќе инвестираат во нашиот фудбал, туку ќе ги загубиме и тие што ги имаме во моментот.

—-МАРЈАН РИСТЕСКИ ЗЕМИ ОДГОВОРНОСТ И ПОДНЕСИ ОСТАВКА БИДЕЈЌИ ТИ ДЕЛЕГИРАШ СУДИИ, ИЛИ МОЖЕБИ НЕКОЈ ДРУГ….??????

Уште еднаш ќе повториме ВИЕ СТЕ НАЈЛОШАТА СУДИСКА.

САМО СО ОСТАВКИ ЌЕ ПОКАЖЕТЕ ДЕКА ИМАТЕ ЧУСТВО ЗА ФУДБАЛ И СРАМ ЗА ТОА ШТО СЕ СЛУЧУВА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…