Фудбалската репрезентација на Македонија и трет месец во низа се наоѓа на 68-та позиција на ФИФА ранг листата.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Иако запишавме две победи против Лихтенштајн и Гибралтар со што обезбедивме домашно финале во Лигата на Нации, на ФИФА ранг листата немавме напредок.
Во овој момент имам рејтинг од 1.343, пред нас Алжир со четири повеќе.
На оваа 68-ма позиција стигнавме во септември и од тој момент три месеци во низа остануваме со истиот пласман, најверојатно и тука ќе ја завршиме 2018 година.
Косово, селекцијата против која ќе играме полуфинале во Лигата на Нации во 2020 година го има својот најдобар пласман и се наоѓа на 131-та позиција.
Ова беше претпоследно рангирање за оваа година.