Дома Останати Македонија светски првак во е-спорт со поддршка од компанијата „Mozzart“

Македонија светски првак во е-спорт со поддршка од компанијата „Mozzart“

Нашата репрезентација со неверојатна игра го освои првото место на 13-тото Светско првенство во Израел. Поддршка за феноменалниот тим од самиот старт беше компанијата Mozzart.

Во финалето во Counter Strike, победа над Романците извојува нашата телентираната екипа која ја сочинуваат: Павле Стојановски „stYleEeZ“, Кристијан Поповски „FODOR“, Дамјан Стоилковски „Kyxsan“, Александар Ќулукоски „CacaNito“, и капитенот на репрезентацијата Јане Апостолоски “aidKiT”.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


“Чувството да се биде светски шампион е неописливо, самата помисла дека имавме толку многу поддржувачи и поддршка од цела Македонија претставува мелем за душа. Поддршката од Mozzart за нас како репрезентација значи премногу и дополнително придонесе за освојување на овој турнир. Еуфоријата полека се смирува, но дефинитивно не застануваме тука и одиме на победа на секој нареден турнир.” – истакна капитенот на македонската еспорт репрезентацијата Јане Апостолоски “aidKiT”.

“Дефинитивно е неверојатно чувството да се учествува на ваков интернационален настан каде што ја претставуваме нашата репрезентација! Дополнително неможе да се опише крајниот резултат, освојувањето на прво место и златен медал. Горд сум на целиот тим и можам да кажам дека сите сме сеуште под импресии. За се ова да изгледа уште поубаво и да ја претставуваме нашата репрезентација се погрижи Mozzart.” – истакна играчот на македонската еспорт репрезентацијата Александар Ќулукоски „CacaNito“.

Компанијата Mozzart секогаш е со шампионите и со задоволство се одзива на повиците за соработка и спонзорство.

“Сите честитки за овој сјаен тим, наше големо задоволство е што ги поддржавме на ова светско првенство. Ова е огромен успех за сите! Mozzart ќе продолжи да поддржува вакви прекрасни спортски приказни и да биде најголем навивач за домашниот спорт.” – изјави Мики Златески, менаџер за корпоративни процеси во компанијата Mozzart.  

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Одбојкарите утре ги започнуваа подготовките за „Златната лига“

Машката сениорска репрезентација, утре во 13:30 часот, во хотелот „Горан Пандев“ во Струми…