УЕФА е пред реализација на она што веќе доголво време се најавуваше, а тоа може да биде и шанса за Македонија за пласман на едно големо натпреварување.
Како и што се најавуваше, наскоро се формира „Лигата на нации“. Во ова натпреварување ќе учествуваат 55 селекции кои ќе бидат разделени во четири групи А, Б, Ц и Д во зависност од квалитетот и рангирањето, секоја група ќе има четири подгрупи.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Победниците од сите подгрупи влегуваат во плејоф фаза, а успех тука значи и пласман на Европското првенство во 2020 година. Македонија во овој момент е сместена во групата со најслаб кавалитет, односно групата „Д“. Како што сега стојат работите и моменталното рагирање на нашата селекција во Д групата друштво ќе и прават, Белорија, Литванија, Еременија, Грузија, Луксембург, Фарските Острови, Молдавија, Летонија, Андора, Лихтенштајн, Казакстан, Молдавија, Сан Марино, Косово, Гибралтар и Малта.
Да потсетиме, на Европското првенство кое ќе се одржи во 2020 година за прв пат ќе учествуваат 24 репрезентации, а новоформираната Лига на Нации е можност за послабите селекции да го остварат сонот за настап на едно големо натпреварување.
Освен пласманот на Европското првенство, победниците на секоја група ќе добиваат место во поквалитетната група, додека последнопласираните селекции ќе одат еден ранг подоле.