Младата репрезентација на Македонија до 17 години го одигра вториот контролен натпревар против соодветната селекција на Малта и успеа да издвојува убедлива победа со 3:0.
Нашите млади фудбалери, на тренинг центарот „Петар Милошевски” одиграа многу подобар меч од првата контролна пресметка и во второто полувреме успеаја да го скршат отпорот на селекцијата на Малта, постигнувајќи три гола за сосема заслужена победа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Противникот во поголемиот дел од првото полувреме беше сконцентриран на одбрана на својот гол, чекајќи прилика од против напад. Нашите фудбалери немаа одговор и идеја за таквата поставеност, не успеавме да се заканиме посериозно по нивниот гол. Тео Николовски имаше една добра прилика, биеше од далечина, меѓутоа непрецизно.
Во продолжението одигравме одлично, решително и со поголема мотивација. Никола Величковски погоди за 1:0 во 53. минута од мечот. Веќе во следниот наш напад, Кире Стојанов погодува за 2:0. Мартин Ѓоргиевски асистираше за двата гола. Конечните 3:0 беа дело на Умерфарук Сулејман.
Првиот пријателски натпревар помеѓу овие две селекции заврши нерешено 1:1.
Контролен дуел, репрезентации до 17 години,Скопје;
Македонија: Давид Стојановиќ, Андреј Аризанкоски, Марко Стојилевски, Даниел Марковски, Матеј Јаневски, Мартин Ѓоргиевски (к), Никола Величковски, Адриан Зенделовски, Кире Стојанов, Мухамед Елмас, Зани Назифи;
Резерви: Диел Доко, Симеон Здравковски, Хадис Таири, Ѓорге Џеков, Тео Николовски, Дестан Адили, Амир Нухија, Александар Богданоски, Кире Стојанов;
Селектор: Тони Јакимоски;
Фото: ФФМ