17-годишниот македонски интернационалец Никола Секулов денес стави потпис на професионален договор со италијанскиот шампион Јувентус.
Секулов е со потекло од Струмица, но поради недоразбирање со ФФМ реши да не настапува за Македонија, па ја избра италијанската репрезентација.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
17-годишниот Секулов важи за еден од најголемите таленти на Апенините, игра во срениот ред, а Јувентус гледа иднина во него, па му понуди професионален договор.
За мене и за моето семејство ова е еден посебен момент бидејќи, по толку многу жртви, конечно се реализира сонот да бидам професионален фудбалер на Јувентус. Но, ова сакам да биде точка на почеток на едно ново поглавје во овој дрес и со овој клуб, на кој му благодарам што ми даде шанса да се докажам им да им ја оправдам нивната доверба. Сакам да се заблагодарам до моето семејство и мојот агент, кои ми даваа поддршка“, порача Секулов на социјалните мрежи“, истакна Секулов.
Секулов веќе неколку години е член на младинските категории на Јувентус, а минатата година во неколку наврати беше повикан од Макс Алегри да тренира со првиот тим.