Фудбалерот со македоско потекло, Никола Секулов, денеска потпиша нов договор со тимот на Јувентус кој ќе има важност до јуни 2027 година.
Секулов ја мина младинската академија на „Старата дама“, а неодамна протов Лацио за првпат доби прилика да дебитира за првиот тим.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Актуелната сезона Секулов ја започна во Кремонезе, меѓутоа Јувентус ја прекина позајмицата и го врати во своите редови.
„Старата дама“ верува во неговите квалитети и му понуди нов договор до 2027 година, а Секулов денес стави потпис.