Еден од најдобрите италијански фудбалери на сите времиња, Андреа Пирло на 21-ви мај ќе го одигра својот проштален натпревар на кој ќе замат учество серија на фудбалски ѕвезди.
Фудбалскиот „Моцарт“ во опширно интервју истакна дека е среќен што имал можност да игра во трите најголеми италијански клубови, но не крие дека најдобриот период го поминал во Милан и дека е најмногу приврзан за дресот на „росонерите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Имав среќа да играм во трите најголеми италијански клубови. Имам убави сеќавања и од времето во Интер, иако беше кратко. Сепак, најубавите и најсреќните години ги поминав во Милан. Таму освоивме се што можеше да се освои и денес најмногу сум приврзан кон тој дрес“, истакна Пирло.
„Анчелоти е тренерот со кој работев најдолго, тој ми е како втор татко. Најдрага титула ми е првата во Лига на шампиони против Јувентус. Финалето со Ливерпул во Истанбул е нешто што ќе ме прогонува цел живот, и денес не можам да си објаснам како загубивме“, додаде Италијанецот.