Дома Топ вести Мадрид повторно стравува: Роналдо оваа сезона не е – манекен!

Мадрид повторно стравува: Роналдо оваа сезона не е – манекен!

Кристиано Роналдо крена огромна прашина во јавноста со изјавата после финалето во Лигата на шампионите во која најави заминување од Реал Мадрид.

На прославата на шампионската титула на „Бернабеу“ сепак ги израдува навивачите и пред 80.000 фанови порача: „Се гледаме и следната година“. Но, постапките говорат нешто друго.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Имено, Реал Мадрид го претстави дресот за новата сезона, а веднаш беше забележително дека еден од „манекените“ не е Кристиано Роналдо!

Во сите претходни години Кристиано беше еден од манекените, како најголема ѕвезда на тимот. Некое друго објаснување зошто го нема, ни клубот, ни играчот засега не понудија.

Дресот на „кралевите“ го претставија, Марсело, Бејл, Бензема, Асенсио и Крос. Додека во галеријата уште се појавуваат и Навас, Рамос, Иско…

Недостасуваат Кристиано Роналдо и Лука Модриќ кој неодамна исто така се поврзуваше со заминување од Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…