Дека Лигата на шампионите е омилено натпреварување на Кристиано Роналдо тоа е добро познато, а вчера Португалецот постави нов рекорд во ова натпреварување.
Јувентус во натпреварот против Валенсија славеше победа со 1:0, а единствениот гол го постигна Марио Манџукиќ после асистенцијата од Роналдо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но, овој пат не се ниту головите, ниту асистенциите во прашање. Роналдо стана рекордер по бројот на победи во ова натпреварување.
Имено, Роналдо играјќи за Спортинг, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и сега во Јувентус собра 100 победи во Лигата на шампионите. Со вакво нешто не може да се пофали ниту еден друг играч.
Роналдо е блиску и до уште еден рекорд. Тој во ЛШ има постигнат гол против 32 различни тимови, а во оваа статистичка категорија рекордер е Раул со 33.
? @Cristiano becomes the first ever player to reach ? @ChampionsLeague wins ???#CR7JUVE #UCL #JuveVCF pic.twitter.com/JmUag7P7Xy
— JuventusFC (@juventusfcen) November 27, 2018
https://www.youtube.com/watch?v=IpGi36c8ijE