Дома Трансфер зона Лукаку се договори со Интер, но Челзи не го дава лесно

Лукаку се договори со Интер, но Челзи не го дава лесно

Ромелу Лукаку се договорил со Интер за личните услови, бидејќи силно посакува да се врати во Милано, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Белгиецот минатото лето се пресели во Челзи за 115 милиони евра, но не ги оправда очекувањата и го загуби местото во првиот тим. Притоа влезе и во конфликт со тренерот Тухел и сака да се врати во Интер.

Лукаку е спремен да прифати значително намалување на платата само за да се врати во Интер. Тој прифатил 7 милиони евра по сезона, плус 2 милиони како бонуси, што е за 5 милиони евра помалку од тоа што го заработува во Челзи.

Меѓутоа, Интер има финансиски проблеми и сака да го донесе само на позајмица, па Лукаку треба да изнуди „сините“ да го пуштат на позајмица.

Челзи пак не сака лесно да се откаже од најскапото засилување во својата историја и за едногодишна позајмица бара 20 милиони евра, плус 75 милиони евра за откуп следното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…