Дома Фудбал Италија Лукаку по освојувањето на Серија А испрати и провокација до Ибрахимовиќ

Лукаку по освојувањето на Серија А испрати и провокација до Ибрахимовиќ

Напаѓачот на „нероаѕурите“, Ромелу Лукаку не пропушти да испрати провокација до Златан Ибрахимовиќ откако со Интер стана шампион на Серија А.

Интер после вчерашното реми на Аталант и Сасуоло и официјално стана шампион на Италија, првпат после 2010 година. Лукаку е еден од најзаслужните бидејќи во оваа сезона за Интер постигна 21 гол на 33 натпревари во Серија А.

„Вистинскиот Бог го собори кралот. Сега поклони се. Крал на Милано“, напиша Лукаку на Твитер секако овие зборови беа упатени за Ибрахимовиќ.

Ќе потсетиме оваа сезона двајцата напаѓачи имаа жесток вербален дуел и очигледно баш и не се почитуваат многу, така барем изгледа во јавноста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Потпишани се документите со кои Доминик Ливаковиќ го направи трансферот на животот!

Хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ е нов член на Барселона. Веќе се потпишани сите докуме…