
Душко Ивановиќ брзо најде нова работа по заминувањето од Виртус Болоња, преземајќи го кормилото на Зенит Санкт Петербург во ВТБ лигата. Неговиот тим забележа убедлива победа над Автодор Саратов со 91:71.
Сепак, вниманието го привлече информацијата дека Ивановиќ се обидува да го доведе Маркус Хауард, поранешен најдобар стрелец на Евролигата, кој моментално игра за Басконија. Хауард беше суспендиран за натпреварот против Бешикташ, што поттикна шпекулации за неговото заминување од Виторија.
По натпреварот, Ивановиќ беше прашан дали навистина го контактирал Хауард за трансфер во Русија. Тој остана мистериозен, изјавувајќи: „Хауард? Секој добар играч е објект на интерес на пазарот. Тој е добар играч, па затоа има интерес за него.“
Zenit St. Petersburg head coach Dusko Ivanovic has commented on rumors regarding the signing of Marcus Howard. https://t.co/DkC88CaYFj— Artem Komarov (@art_basket) October 11, 2026
Зенит ја започна сезоната во ВТБ лигата со скор 3-1, а единствениот пораз го доживеа на гостувањето против Уникс.