Ромелу Лукаку зад себе има одлична сезона во Серија А, а добрата форма ќе се обиде да ја демонстрира и во дресот на репрезентација на Белгија на Европското првенство.
Во изминатите недели многу работи се случија во Интер. Поради финаниската ситуација си замина Антонио Конте, а се споменуваат заминувања на уште неколку фудбалери.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На излезни врати е Ашраф Хакими кој е блиску до ПСЖ, а не се исклучува можноста по неговите стапки да тргне уште некое звучно име. Сепак, едно е сигурно. Тимот нема да го напушти Лукаку. Белгиецот во разговор за белгиските медиуми потврди дека веќе разговарал со новиот тренер на Интер, Симоне Инзаги кој наскоро треба да биде промовиран.
„Да останувам во Интер. Веќе разговарав со човекот кој ќе биде нов тренер. Можеби не требаше тоа да го кажам, но тоа беше многу позитивен разговор“, изјави Лукаку.
Romelu Lukaku on his future in #DEVILTIME (VTM):
— Kristof Terreur (@HLNinEngeland) June 2, 2021
“Yes, I am staying. I've already had contact with the man who normally becomes our new manager. Maybe I shouldn't say that yet… but it was a very positive conversation.” https://t.co/nUlarpoEed#CFC