Дома Фудбал Англија Лукаку: Дојдов во Челзи за да доминирам во Европа

Лукаку: Дојдов во Челзи за да доминирам во Европа

Ромелу Лукаку денес и официјално беше промовиран во нов играч на Челзи.

Белгиецот после неколку години се врати на „Стенфорд Бриџ“ за 115 милиони евра и истакна дека целта е со „сините“ да доминира во Англија и Европа.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„За мене ова е почеток на нова битка, но сите ние се бориме за иста цел, Челзи да победува. Ќе се погрижам за време на тренинзите да давам 100% за да бидам подготвен за натпреварите. Челзи сака да продолжува да победува, да расте како клуб и да доминира во Англија и Европа“, изјави Лукаку.

„Последните две сезони во Италија ми помогнаа да ги подобрам сите детали од играта како централен напаѓач и јас сум подготвен. Ми се допаѓа системот на игра, но исто така можам да бидам флексибилен кога е потребно. Треба максимално да ги искористам моите квалитети за да му помогнам на тимот“, додаде Ромелу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Донарума од Париз сака само во еден од овие два клуба!

Џанлуиџи Донарума би можел да го напушти ПСЖ летово!  Италијанецот влегува во последната г…