Дома Останати Ракомет Лука Циндриќ „станува“ Нејмар во ракометот?!

Лука Циндриќ „станува“ Нејмар во ракометот?!

cindric

Поранешниот ракометар на Вардар Лука Циндриќ наскоро би можел да стане најскап ракометар во светот.

Сегашниот член на Кјлеце во своите редови сакаат да го видат Пари Сен Жермен и Барселона. Според информации засега во трката води клубот на Раул Гонзалез со кој Циндриќ соработуваше во Вардар.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Трансферот би се реализирал токму по барање на Гонзалез. Циндриќ беше дел од тимот на Вардар кој предводен од Раул Гонзалез стигна до титулата во Лигата на шампионите.

Сумата која се споменува дека францускиот клуб е спремен да ја понуди е рекордна во ракометниот свет – четири милиони евра!

Тие четири милиони евра кои би биле рекордни за еден ракометар би биле доволни за Кјлеце да ги реши финансиските проблеми и тешко дека сопственикот на Кјелце Бертус Сервас ќе одолее на оваа побуда.

Во овој момент рекордот го држи исто така ПСЖ кој за ангажман на Никола Карабатиќ од Барселона плати два милиони евра. Потенцијалниот трансфер на Циндриќ би бил само уште еден доказ за финансиската моќ на клубот од Париз.

Циндриќ освен за Вардар каде што настапуваше три сезони од 2015 до 2018 година и го постигна најголемиот клупски успех го носеше дресот уште на Металург (една сезона) и Карловац (две сезони).

Во дресот на репрезентацијата на Хрватска зад себе има 48 настапи.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Скандал: Српски судии доживотно суспендирани!

Eвропската ракометна федерација доживотно ги суспендираше судиите Александар Панџиќ и Иван…