Легендарниот италијански напаѓач, Лука Тони го критикуваше Кристиано Роналдо откако Португалецот одигра лошо во финалето од Купот на Италија против Наполи.
Јувентус беше поразен од Наполи после изведувањето на пенали, а Роналдо втор пат во неколку дена одигра натпревар под своето ниво.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот италијански голгетер смета дека Португалецот вчера бил еден од главните проблеми во екипата на Маурицио Сари.
„За овој пораз сигурно има вина и Роналдо. Очигледно е дека има физички потешкотии, дури не може да издрбила ниту еден играч“, изјави Тони.
Тони ја искористи приликата и да го пофали Џанлуиџи Буфон кој одигра одличен натпревар.
„Буфон беше најдобар кај Јувентус на теренот“, кратко потенцираше легендарниот напаѓач.
Тука можеме да додадеме и дека Роналдо сруши негативен рекорд во неговата кариера затоа што првпат му се случува да изгуби две финалиња во низа. Претходното беше од Лацио во Суперкупот.