Дома Останати Кошарка Лука Дончиќ постави нов рекорд во Евролигата

Лука Дончиќ постави нов рекорд во Евролигата

Реал Мадрид синоќа го победи Милано 100:90 во третото коло во Евролигата, а во центарот на вниманието беше тинејџерот Лука Дончиќ.

18-годишнот Словенец доминираше на оваа средба по која стана најмладиот играч што имал вкупен рејтинг на корисност поголем од 40. Таков рејтинг пред една деценија на 21-годишна возраст оствари Црногорецот Никола Пековиќ во дресот на белградски Партизан.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Дончиќ дуелот со Милано го заврши со 27 пони, 8 скока, 5 асистенции, 3 украдени и една загубена топка, а врз него беа направени 10 прекршоци. Сето ова му донесе рејтинг 41, со што стана апсолотен рекордер за кошаркари до 21 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Црвен аларм во Словенија: Соиграч го повреди Дончиќ пред Европското првенство!

Кошаркарската репрезентација на Словенија доживеа четврти пораз во четири подготвителни на…