Дома Фудбал Репрезентации Суарез и Меси вечерва ќе носат посебни броеви

Суарез и Меси вечерва ќе носат посебни броеви

Репрезентациите на Уругвај и Аргентина вечерва ќе играат важен натпревар во квалификациите за пласман на Светското првенство.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Двете репрезентации се наоѓаат во катастрофална форма и нивниот настап на Светското првенство наредната година во Русија е ставен под знак прашалник, а посебно ќе биде загрозена репрезентацијата која вечерва ќе биде поразена, додека реми нема многу да им помогне и на едните и на другите.

Интересно, двете главни ѕвезди на овие репрезентации, Лео Меси и Луис Суарез ќе носат посебни броеви. Имено, Суарез место препознатливата „деветка“ ќе носи дрес со број 20, додека Меси место својата „десекта“ ќе го носи дресот со број 30.

Причината е поддршката за заедичката кандидатура за организирање на Светското првенство 2030 година. Да потсетиме, натпреварот помеѓу Уругвај и Аргентина се игра вечерва со почеток од 01:00 часот по полноќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Навивачите не очекуваа вакво нешто, Гордон ги воодушеви уште на претставувањето!

Антони Гордон го официјализираше договорот со Барселона во петокот навечер. Зошто проблемо…