Дома Фудбал Англија Луиз останува во Челзи, бидејќи мисли дека Конте ќе си оди

Луиз останува во Челзи, бидејќи мисли дека Конте ќе си оди

Бразилскиот дефанзивец од редовите на Челзи, Давид Луиз нема немара да го напушти овој клуб до крајот на трансфер периодот.

Луиз во моментов се наоѓа во немилост под водство на тренерот Антонио Конте, а од почетокот на сезоната одигра само девет натпревари во Премиер лигата. Не е познато зошто Конте не му дава прилика за игра на Луиз, а долго време се шпекулира дека тој ќе ја напушти екипата, бидејќи седи на клупа или на трибини. Арсенал, Манчестер Јунајтед и многу други клубови се споменуваат како следна дестинација, но Луиз останува во Челзи.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англиските медиуми пренесуваат дека причината е тоа што тој мисли дека Конте ќе добие отказ до лето и дека од следната сезона повторно ќе добие место во првата постава под водство на новиот тренер. Потсетуваме, Луиз го напушти Челзи на лето 2014. година кога се пресели во ПСЖ, но по две години се врати во Лондон за кого исто така играше од 2011. до 2014. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…