Дома Останати Кошарка НБА Лудата одбрана на Голден Стејт со која го запреа Харден (ВИДЕО)

Лудата одбрана на Голден Стејт со која го запреа Харден (ВИДЕО)

Голден Стејт изминатата вечер го шокираа Хјустон (116:104) во еден од божиќните натпревари на програмата во НБА лигата.

Вориорси на своите навивачи им приредија вистински спектакл, а она што му го правеа на првиот стрелец на лигата, Џејмс Харден е невројатно. Иако Харден уфрли 24 поени на овој натпревар се соочи со една луда одбрана.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Играчите на Голден Стејт констатно го удвојуваа на паркетот и тоа се покажа како одличен план.

Дрејмонд Грин беше еден од оние кои го чуваше Харден на паркетот.

„Тоа беше феноменален план. Тешко дека може подобро. Кога некој има просек од 40 поени не смеете да го чувате на ист начин. Еден на еден е незапирлив, затоа морате да имате посебен план за него. Ние го запревме“, истакна Грин.

Вака изгледаше одбраната против Харден во поголемиот дел од натпреварот:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Дончиќ се расплака, а неговата порака по мечот покажува дека е – господин (Видео)

Лука Дончиќ се расплака и сцената стана вирална низ целиот свет по емотивната вечер во Дал…