И понатаму на сила е одлуката со која Премиер лигата е суспендирана до 30. април. Сепак, очекуваата се оваа суспензија да биде продолжена.
Во Англија интезивно се работи на пронаоѓање решение за завршување на сезоната бидејќи во спротивно клубовите и ФА би се соочиле со огромни финансиски загуби.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Така висок функционер од раководството на еден клуб коj „The Athletic“ не сакаше да го именува изјавил дека очајнички се размислува за мерки со кои сезоната во Англија би се завршила. Тој соговнрник имо ктрил дека еден клуб предложил сезоната да се доигра во Кина, држава која за разлика од Европа го решава проблемот со коронавирусот.
„Еден клуб ја предложи Кина како земја каде што може да се продолжи сезоната…Тоа едноставно нема никаква смисла. Тоа е луда идеја која сигурно сите останати би ја одбиле без размислување“, откри неименуваниот соговорник за „The Atletic“.
Одењето во Кина е тешко да се прифати и изгледа како невозможна мисија и затоа што потребни се голем број дозволи, а ситуацијата во светот е таква што тешко би се добиле истите, стои во последниот дел од текстот.