Oклахома и Њу Орлеанс се двата најлоши тимови на Западот, но нивниот натпревар изминатата вечер се најде во центарот на вниманието.
На четири ипол секунди до крајот Оклахома имаше 110:107, тројка погоди Шаи Гилгеус-Александар од скоро половина терен. Тогаш се очекуваа продолженија на 1.4 секунди до крајот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Но, Девонте Грем не мислеше така, ја зема топката од под кошот направи неколку чекори и од повеќе од 18 метри преку раката на противникот ја исфрли топката која заврши во кошот на домаќините.
Неговиот шут е најдолгиот кош постигнат во НБА во последните 25 години. Треба да се спомене дека исто така за првпат е видено да се постигнат две тројки во последните пет секунди од повеќе од девет метри.
WHAT AN ENDING IN PELICANS-THUNDER
— Barstool Sportsbook (@BSSportsbook) December 16, 2021
DEVONTE GRAHAM 70 FOOTER FOR THE WIN pic.twitter.com/WinHQZxvzR