Фудбалерот на Лил, Набил Бенталеб кој доживеа срцев удар пред два дена се уште е во вештачка кома.
Тој бил веднаш опериран и му било вградено дефибрилатор. За да се спаси неговиот живот операцијата била неопходна.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Сепак, за жал последните информации се дека тој се уште е во животна опасност.
„Испраќаме поддршка до Бенталеб и неговите најблиски. Сите во клубот сме шокирани и изненадени што сето ова стана јавно“, објави неговиот клуб.
Во кариерата 29-годишниот фудбалер играше уште за Тотенхем, Шалке, Њукасли и Анже. Репрезентативец е и на Алжир за кој во 52 настапи поостигна пет гола.