Дома Македонски спорт Лоши вести од Пекинг: Дехари ги скинал лигаментите на коленото!

Лоши вести од Пекинг: Дехари ги скинал лигаментите на коленото!

Maкедонскиот знаменосец Дардан Дехари доживеа голем пех додека се подготвуваше за својот настап во Пекинг.

Од МОК преку социјалните мрежи информираа дека Дехари ги скинал лигаментите.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


“На денешниот тренинг во Јанкинг, за време на подготовките за своето прво учество на зимските Олимписки игри ПЕКИНГ 2022, Дардан Дехари незгодно падна при што тешко го повреди десното колено.

По првите консултации меѓу докторот Лубомир Огњеновиќ, кој е во Пекинг, кинеските доктори и претседателот на Здравствената комисија на МОК, д-р Небојша Настов, станува збор за кинење на предниот вкрстен лигамент на десното колено и Дардан Дехари итно ќе биде опериран.

Да потсетиме дека Дардан Дехари, кој го носеше македонското знаме на церемонијата на отварање на зимските Олимписки игри, требаше да настапи на трките во слалом и велеслалом кои се на програмата на Олимписките игри на 13 и 16 Февруари.

Да му посакаме на Дардан успешно опоравување од оваа тешка повреда и што побрзо враќање на скијачките терени“, соопштија од МОК.

Фото: МОК

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…