Симоне Инзаги го напушти Лацио за да седне на клупата на Интер, а таа вест беше разочарување за управата на римскиот клуб.
Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито тврди дека Инзаги преку ноќ се премислил и одлучил да го игнорира понудениот договор за соработка. Договорот на Инзаги со Лацио требаше да биде продолжен до 2024 година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Го смени мислењето преку ноќ. Договорот беше спремен, јас го потпишав, тој требаше да дојде на состанок за да го стави својот потпис. Не се појави. Ме побара и ми кажа дека многу размислувал и дека одлучил да замине. Еден ден претходно седум часа бевме заедно, се договоривме и се ракувавме“.
„Ми кажа дека изгубил мотивација, дека не може да ја разгори страста кај играчите. Како да се задржо некој кој тоа ви го кажува? Ако тоа ми го кажеше една вечер претходно барем немаше да се трудам да правам договор“, изјави Лотито.